Конгресниот центар на УГД домаќин на студентите од ФТБЛ

Конгресниот центар - Центар за доживотно учење и подобрување на вештините во состав на УГД се наоѓа на планината Плачковица (некогашно детско одморалиште, делумно реконструирано преку проект од инструментот за претпристапна помош на ЕУ за прекугранична соработка во соработка со Американскиот универзитет во Бугарија) три дена беше место каде што студенти од Факултетот за туризам и бизнис логистика реализираа дел од студиската програма.

Според проф. д-р Нако Ташков, ова е потврда дека Центарот си ја остварува зацртаната цел и намена:

- Можам со задоволство да кажам дека овој Центар, кој го подготвувавме да биде во функција на УГД особено на ФТБЛ, веќе од теорија преминува во пракса, односно во она што е професијата. Овде се наоѓаат студентите од втора година од насоката Гастрономија, исхрана и диететика, каде што теоретскиот дел го применуваме во пракса, да видат како функционира еден комплетен угостителски објект почнувајќи од кујнскиот дел со сите свои одделенија со целокупната опрема потребна за квалитетно извршување на работата, така и со ресторанскиот дел и за останатите наставни единици кои студентите треба да ги видат на тоа место. Имаме комбинација од студенти кои се на Хотелско-ресторанската насока – 4 година, кои се во кујнскиот блок каде што го подготвуваат ручекот за нивните колеги, а тие веќе во наредниот период ќе приготвуваат за нивни помлади колеги. Тоа беше и идејата и функцијата на овој Центар, ФТБЛ, насоките кои ги има соодветни за областите угостителство и туризам директно ќе бидат вклучени во овој Центар и ќе бидат во функција на факултет и на Универзитетот, но и на студентите од ФТБЛ, така и од сите останати факултети.

Координатор на проектот со кој се изврши досегашната реконструкција на Конгресниот центар е м-р Васко Златковски и, според него, ова е само една од мноштвото можности што ги нуди:

- Почетокот на проектот што започна пред скоро две години, денес го доживува скоро својот крај. Проектот треба да заврши официјално на 18 декември и тоа ќе означи една успешна приказна на УГД во градењето на капацитети за стекнување на практични знаења за своите студенти. Да потсетиме дека во објектот на некогашното детско одморалиште на Плачковица, а сега Конгресен центар - Центар за доживотно учење и подобрување на вештините, амфитеатарот, трпезаријата и кујната се комплетно опремени преку инструментот за претпристапна помош на ЕУ за прекугранична соработка во соработка со Американскиот универзитет во Бугарија. Ми претставува особено задоволство да кажам дека ова што денеска се случува овде е доказ дека проектот бил целосно оправдан. Ова е веќе втора обука на студентите од ФТБЛ, кои се стекнуваат со практични знаења во објектот кој е подигнат токму за тие цели. Проектот набргу ќе го доживее својот крај, но верувам дека сите оние зацртани планови за развој на ФТБЛ и останатите факултети на УГД ќе бидат преточени во практика бидејќи овој објект ќе даде мноштво можности, пред сѐ за настава во природа, за одржување на еднодневни семинари, кои се од особено значење за пренос на знаења и технологии како меѓу наставно-научниот кадар така и за студентите. Останува да се надеваме дека дел од хотелскиот капацитет ќе може да биде реновиран во прифатливи рамки, со што ќе се создадат можности за повеќедневни престои, а со тоа и заживување на овој комплекс во целина за потребите на Универзитетот и за неговите факултети.

Последен пат изменето на Четврток, 12 Ноември 2015 15:25
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…