Се одржа трибина на тема  „Предизвици и перспективи на Македонија од Букурешкиот договор до денес“

Факултетот за образовни науки организираше трибина на тема „Предизвици и перспективи на Македонија од Букурешкиот договор до денес“. Говорници беа професори од ФОН и режисерот на филмот „Последниот Македонец – патот до истребување“, Илија Пиперковски. Режисерот ги истакна предизвиците со кои се соочил при подготвувањето на овој филм.

- Се радувам бидејќи има заинтересираност од студентите да се одржи еден вид на мастер клас за тоа кои ми беа предизвиците како режисер да го направам овој филм. Секој режисер сонува да направи ваков епски филм. Предизвикот беше поголем што имавме скромен буџет, но добра и позитивна работа е што имавме многу време. Имавме три години на располагање. Се надевам дека по проекциите низ Македонија овој филм ќе си го продолжи патот по регионалните филмски фестивали. Ако каузата на македонските дејци пред 100 години била да се слушне македонското прашање, кое ден-денес не е решено, единствен начин преку кој можеме да издејствуваме да се слушне тоа македонско прашање е медиумот и да дебатираме и да го завршиме она што било пред 100 години. изјави режисерот на филмот Илија Пиперковски

На денешната трибина што се одржа на Факултетот за образовни науки говорници беа проф. д-р Тодор Чепреганов и доц. д-р Верица Јосимовска, при што се истакнаа низа поенти за значењето и потребата од вакви трибини и што покажува филмот за македонската историја.

- Ова претставува еден документарно-игран филм кој ги прикажува историските настани. Интересно е што во филмот немате време. Она што се случува во филмот може да се случува и денес. Филмот доловува едно време во македонското национално револуционерно движење кое е многу важно за историјата. Филмот има една своја компонента што треба сите да нѐ замисли, а тоа е дали она што ни се случувало пред толку години не ни се случува и денес.изјави проф. д-р Тодор Чепреганов

Филмот „Последниот Македонец – патот до истребување“ се прикажуваше неодамна во Мултимедијалниот центар на Универзитет „Гоце Делчев“.

Последен пат изменето на Понеделник, 16 Ноември 2015 16:17
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…