„УГД ФМ“ го одбележа Меѓународниот ден на студентите

Со програма во живо од наставниот центар во Скопје, Универзитетското радио „УГД ФМ“ го одбележа Меѓународниот ден на студентите.

Повеќе од 2.000 студенти беа присутни денес во наставниот центар во Скопје во кој се сместени повеќе факултети и студиски програми на Универзитетот.

Дел од студентите се вклучија во програмата на „УГД ФМ“ и на овој начин дадоа придонес во одбележувањето на Меѓународниот ден на студентите.

Освен студентскиот, во програмата на „УГД ФМ“ можеше да се слушне гласот и на голем број професори, но и познати музичари и актери од Македонија.

Меѓународниот ден на студентите се одбележува како спомен на трагичниот настан што се случил на 17 ноември 1939 година во Прага. На тој ден се задушени студентските демонстрации против нацистичката окупација на Чешка. Меѓународниот ден на студентите од тогаш станал симбол за студентските страданија во целиот свет.

Последен пат изменето на Среда, 18 Ноември 2015 08:50
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…