Целта е да се претстават факултетите, наставните центри, инфраструктурата и сѐ што ги интересира младите луѓе. Оваа акција ќе трае до почетокот на уписите и планирано е да се посетат сите средни училишта, а особено оние во Источна Македонија.
Денеска од Центарот за односи со јавноста на УГД беа во средните училишта во Штип, а од средношколците добија најразлични прашања. Средношколците се интересираа за студиските програми и за условите за студирање на УГД.
Претставувањето на факултетите и на Универзитетот продолжува во следниот период.