Станува збор за исклучително важна акција. Постои мислење дека дрвјата се белите дробови на планетата. Тоа не е баш така. Тие се душата на нашата планета. Најголеми бели дробови се планктоните кои се наоѓаат во океаните, а дрвјата се нешто без кое не можеме, затоа што без нив сѐ би било пустина. Секаков коментар во поглед на оваа акција е излишен, затоа што оваа акција говори сама за себе. Ова е една многу благородна акцијарече ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев
Градоначалникот на Штип, од друга страна, истакна дека Македонија е многу одговорна кон планетата Земја и токму затоа секоја година се организира оваа акција.
Утре ќе се организира оваа акција. Денес само симболично го означуваме почетокот. Штип активно се вклучува. Доделени се 160.000 садници багрем. Багремот успева на овие наши екстремни услови. Имаме 2.000 садници црн бор и декоративни садници кои ќе ги поставиме низ градотизјави градоначалникот на Штип Илчо Захариев
Акцијата утре започнува на ниво на Македонија, а во Штип се организира и превоз од пред зградата на Општината во 9 и во 11 часот.