За овој успех на екипата УГД-студент се заслужни:
1. Кристијан Станојковски
2. Петар Костовски
3. Филип Костадиновски
4. Игор Саздов
5. Ване Барбареев – тренер.
Екипата продолжува со тренинзи, а следно е настапот на Балканскиот куп во Ниш (Србија) во текот на декември. Екипата на ППК УГД-студент е поканета да ја претставува Република Македонија како најдобра екипа од државата.
- Ќе учествуваме за првпат на ваква манифестација и се надеваме дека во светло издание ќе го претставиме македонскиот пинг-понг. Освен нашата екипа ќе настапат и најдобрите екипи од Србија, Романија и Бугарија.изјави тренерот на екипата Ване Барбареев
По овој настап следува учество на Државното екипно младинско првенство што ќе се одржи во Крива Паланка, на коешто екипата на УГД-студент е фаворит и се надева на одбрана на шампионската титула од лани.
Пингпонгарите на УГД