Дебата: Стави точка на сите форми на насилство врз жени и девојчиња

Делегацијата на ЕУ и семејството на ООН организираат дебата на тема насилство врз жени и девојчиња. На оваа тема ќе дебатираат Кристина Хаџи-Василева и Милан Живковиќ, а дебатата ќе ја модерира Ана Јовковска.

Ова е дел од целосна кампања што започна на 25 ноември – Меѓународен ден за елиминирање на насилството врз жените и ќе трае до 10 декември – Меѓународен ден на човековите права.

Дебатата во Штип ќе се одржи на 4 декември (петок) во 12 часот во свечената сала на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“.

Активностите во рамките на оваа кампања имаат за цел да ја подигнат свеста и да поттикнат акција против семејното насилство како грубо кршење на основното човеково право од што на светско ниво страда секоја трета жена во текот на својот живот.

Последен пат изменето на Понеделник, 07 Декември 2015 12:12
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…