Предавањето можат да го проследат сите, а се однесува пред сѐ на студентите од Машински факултет и од Електротехнички факултет.
Темата на предавањето на директорот Елзенбах ќе биде, главно, околу менаџмент на квалитет, а ќе се одржи во четврток (10.12.2015 г.) во 10 часот во свечениот амфитеатар на Кампус 2.
Елзенбах е визитинг професор на Машински факултет и на Електротехнички факултет при УГД, кој минатата година, исто така, одржа едно предавање пред студентите.