Станува збор за настан на којшто ќе се претстават неколку студенти со своите приказни, со своите искуства и со останатите ќе ги споделат своите повеќе или помалку успешни приказни и искуства. Ова е дел од серијал на вакви настани на кои ќе бидат претставувани дел од студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“.
Овој пат ќе бидат претставени студентите Страхил Тодоров од Факултетот за медицински науки, Андријана Мижорова од ФТБЛ, Илија Белистојановски од Музичката академија и Емил Арсов од Филолошкиот факултет. Сите студенти имаат интересни и повеќе или помалку успешни приказни, а своите искуства ќе ги презентираат пред своите колеги и сите присутни.
Настанот ќе се одржи во четврток (10.12.2015 г.) во свечената сала на Правниот факултет во 13 часот.
Покрај презентацијата на студентите ќе биде промовиран и новиот портал на Универзитетот „Гоце Делчев“ кој е посветен на наука http://life.ugd.edu.mk.