Хуманитарна акција „Мала радост“

Хуманоста на прво место ја ставаат Универзитетот „Гоце Делчев“ и Младинскиот клуб во Штип, со организирање на хуманитарна акција под мотото „Мала радост“ - наменета за децата од Детското одделение при Клиничката болница во Штип, децата од социјално загрозените семејства, како и од Државното средно училиште за образование и рехабилитација „Искра“ во Штип, на кои ќе им бидат подарени детски играчки.

- Заедно со вработените и со студентите од УГД, заедно и со Младинскиот клуб во Штип, во пресрет на новогодишните празници би сакале да ги израдуваме најмладите преку еден хуманитарен проект што го нарековме „Мала радост“. Искрено се надевам дека ќе наиде на голема поддршка од страна на пошироката јавност, затоа што сепак станува збор за најмладите кои сакаме пријатно да ги изненадиме. Ќе направиме повеќе пунктови каде што ќе собираме детски играчки, тие ќе бидат поставени во повеќе објекти на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип: во Ректоратот, на Економски факултет, Кампус 2, Кампус 4, Факултет за образовни науки, Правен факултет. Мобилни пунктови наменски ќе се однесат до поголемите наставни центри на УГД: Струмица, Скопје, Кавадарци, а целата акција ќе трае до 28 декември. Сите граѓани кои сакаат да донираат играчки и да споделат мала радост ќе можат да ги остават во брендираните кутии со играчки, со кои понатаму ќе ги изненадиме дечињата. И младинскиот клуб ќе се вклучи, бидејќи покрај статичните пунктови ќе имаме и собирање на играчки на терен, со помош на нашите студенти и волонтерите на Младинскиот клуб.изјави Дијана Насева од Универзитет „Гоце Делчев

За уделот на организацијата „Младински клуб“ во хуманитарната акција, Драгана Дина Митровиќ вели:

- За мене е голема радост што оваа хуманитарна акција потекнува од студентите, од младите кои сакаат да им подарат мала радост на помалите. Ќе собираме играчки, во соработка со студентите и УГД. Акцијата ќе трае до 28 декември, а потоа играчките ќе се дистрибуираат до деца од семејства со помала економска моќ. Ќе се обидеме ова да го направиме и во други градови, ако има студенти кои би дале идеи на кои семејства во тие градови, каде што функционира Универзитетот, ќе можеме да им донираме. Заедно со УГД очекуваме голем одѕив од сите граѓани, не само од вработените и студентите на УГД, па ќе се обидеме пунктовите да ги поставиме и по други институции, а ќе имаме и отворен ден како јавен настан за акцијата.Драгана Дина Митровиќ
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…