За квалитетот на управување, како и за методите за обезбедување на квалитет, предавањето го одржа проф. Јерг Елсенбах, член на бордот на директори во „Дрекслмаер“. Ѓорги Тренкоски, директор на „Дрекслмаер“ во Кавадарци, истакна дека определба на компанијата е својата иднина да ја гради во соработка со студентите, а професорот Елсенбах ќе говори за компанијата и за можностите за соработка во поглед на напредните технологии:
- Професорот Јорг Елсенбах, кој е член на бордот на директори и е одговорен за квалитет и корпоративна стратегија, ќе ги објасни главните принципи на кои се базира фирмата. Ние имаме голема желба да соработуваме со вас – прво преку стипендии, потоа да бидете дел од нашата екипа и на крај да бидете дел од менаџментот кој ќе ја трасира иднината на Македонија. Македонија рапидно напредува во автомобилската индустрија, знаењата во оваа област се подобри и поголеми, и тоа ќе биде уште еден квантен скок за технологијата кај нас, ние да учествуваме во развојот на новите технологии. Затоа е овде професорот Елсенбах да ви објасни дека сакаме да соработуваме со студентите, уште додека сте на факултет да учествувате во запознавање на овие напредни технологии кои понатаму можете да ги развивате со „Дрекслмаер“.изјави Тренкоски
Професорот Јерг Елсенбах е визитинг професор на Машинскиот факултет и на Електротехничкиот факултет.