Студентите во посета на Mисијата на ОБСЕ во Македонија

Студентите од втора година на Правниот факултет остварија студиска посета на Mисијата на ОБСЕ во Скопје. 

Посетата беше организирана во рамките на наставата по предметот Меѓународно јавно право. Студентите беа пречекани од aмбасадорката на ОБСЕ, Нина Суомалаинен, која ја објасни Мисијата на ОБСЕ во Скопје и нејзините активности. 

Освен тоа, Резерта Шуетз - раководителка на Одделението за човечки ресурси и Жанета Попоска - национален офицер за владеење на правото ги објаснија подетално функциите на ОБСЕ и механизмите на делување, како и начините на имплементација и зацврстување на една од главните активности на ОБСЕ поврзана со владеењето на правото.

Студентите, исто така, имаа можност одблиску да ги видат и условите за работа и инфраструктурата во Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

 

Последен пат изменето на Понеделник, 21 Декември 2015 10:14
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…