Овие модели се изработуваа три месеци за овие деца, на кои пред претстојните големи празници што се наближуваат и за зимските денови им се најпотребни. Студентите од ТТФ втора година по ред креираат за децата од социјално загрозени семејства и во други градови во државата.
Благодарност до Министерството за култура за поддршката на оваа манифестација и до ООУ „Никола Карев" во Крушево за соработката што ја овозможија со нивните првоодделенци кои беа промотори на моделите изработени од нашите студенти.
Покрај оваа манифестација, која беше поздравена од сите институции во Крушево, студентите од ТТФ интензивно работат на неколку костимографии кои се наменети за неколку новогодишни претстави што ќе бидат прикажани пред Нова година во Штип и во Крушево.
Дизајнирањето облека не само што е важно за секојдневна потреба на човекот, туку е потребно и во институции кои како секундарна потреба во развојот на својата дејност ја имаат оваа област, театарот, филмот, операта и многу други, каде што нашите студенти преку наставната програма можат да дадат свој придонес.