Хепенингот започна со настап на Катедрата по џез музика, а настапија студентите под менторство на професорите Сашо Поповски, Георги Мицанов и Кирил Кузманов. Концертот се одржа во Уметничката галерија „Безистен“. Останатите концерти се одржуваат во салата на Музичката академија.
Во вторникот настап имаше Катедрата по вокално-инструментална музика, меѓу нив и оркестарот на Музичката академија.
Во среда (23.12.2015 г.) Катедрата за музичка теорија и педагогија одржа музичка работилница на тема „Како до радиоемисија“, каде што предавачи беа проф. д-р Стефанија Лешкова-Зеленковска и Влатко Миленкоски од Универзитетското радио „УГД ФМ“, а концерт одржаа студентите од Катедрата по пијано.
Новогодишниот хепенинг на Музичката академија завршува на 24 декември, со концерт на студентите од Катедрата по етнокореологија, од класата на доц. м-р Горанчо Ангелов.
Новогодишен концертен хепенинг