Од акцијата беа собрани стотици играчки што ќе им бидат донирани на дечињата на Детското одделение при Клиничката болница во Штип и во Центарот за социјални работи во Штип.
Тоа е една мала хуманитарна акција која беше поддржана од сите вработени на Универзитетот, а пред сѐ од студентите. Целта беше да се донираат играчки кои понатаму ќе се споделат на дечињата кои имаат потреба од тоа во предновогодишните и по новогодишните празници. За 15 дена УГД заедно со Невладината организација „Младински клуб“ имаше свои пунктови и ова е тоа што беше донирано. Денес организиравме и новогодишна претстава и споделивме многу радости со дечињатаизјави доц. д-р Кирил Барбареев
Оперативно акцијата се одвиваше на сите пунктови на Универзитетот, а одѕивот беше изненадувачки позитивен за сите кои учествуваа во организацијата на оваа хуманитарна акција.
Оперативно акцијата траеше три седмици, со тоа што започна сосема наивно, сакајќи да донираме неколку играчки од студентите и вработените. Поставивме пет собирни пунктови на сите места на Универзитетот. Поставивме пунктови и во Скопје, Кавадарци и Струмица. Меѓутоа, како што може да се види, ние собравме многу играчки и навистина сме среќни поради тој факт, дури сме оптимисти да продолжиме и во иднина со вакви акцииизјави Дијана Насева од УГД
Институциите каде што ќе отидат овие играчки денес ги примија играчките и ја изразија својата благодарноста за организацијата и за целата хуманитарна акција. Началничката на Детското одделение при Клиничката болница во Штип рече дека оваа донација сигурно ќе ги израдува најмалите кои празниците ќе мора да ги поминат во болницата.
Гледајќи ги сите овие играчки можам да изразам една огромна благодарност од името на дечињата во чиишто раце ќе стигнат овие играчки. Кога зборуваме за играчки секогаш помислуваме на дечињата. Голема благодарност до сите поединци и организации кои се сетија на ваков начин во овие предновогодишни мигови да ги израдуваат дечињата кои се хоспитализирани во Детското одделениеизјави началничката на Детското одделение при Клиничката болница во Штип, Марина Гацова
Од Центарот за социјални работи во Штип рекоа дека ова е вистински момент да им се помогне на социјално загрозените семејства, затоа што голем дел од играчките ќе отидат и кај дечињата од овие семејства.
Дел од овие играчки ќе бидат поделени меѓу семејствата кои се во социјален ризик и имаат малолетни дечиња. Дел од играчките ќе ги донираме во Дневниот центар за лица со посебни потреби и во Дневниот центар за деца со аутизамизјави директорката на Центарот за социјални работи во Штип, Наталија Панова
Драгана Митровиќ од Невладината организација „Младински клуб“ како организатор на оваа акција, исто така, е изненадена од одѕивот на вработените и студентите.
Од името на Младински клуб – Штип сакам да им се заблагодарам на сите хумани луѓе што донираа радост за оние дечиња на коишто им е потребна пред Нова година. Мило ми е што ќе ги израдуваме и што во ова акција се собраа толку многу играчки. Не очекувавме да има толку многу одѕив и се надевам дека ќе продолжиме и во иднина. Веројатно дел од играчките ќе им се поделат на социјално загрозени семејства во Општина Карбинциизјави Драгана Митровиќ од Невладината организација „Младински клуб“ во Штип
Сите организатори се согласни дека вакви акции ќе се прават во иднина и дека Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе продолжи да ја извршува својата општествено одговорна функција.