Футсал екипата на УГД најдобра екипа за 2015

На традиционалната спортска манифестација „Спортист на годината“ во организација на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортските федерации на Македонија машката футсал екипа на Универзитетот „Гоце Делчев“ беше прогласена за најдобра универзитетска екипа за 2015 година.

Наградата е доделена како резултат на освоеното трето место на Универзитетските спортски игри „Спорт фест 2015“ на кои УГД зема учество со екипите во футсал, одбојка, кошарка и пинг-понг, како и нивното континуирано учество на натпреварите од државните универзитетски лиги во организација на Универзитетската спортска федерација на Македонија.

Наградата беше доделена врз основа на гласање од сите спортски федерации во Македонија и истата претставува потврда за сите залагања на студентите и Универзитетскиот спортски центар за афирмација на спортот и Универзитетот во меѓународни рамки. Од име на УГД студентите и вработените во Универзитетскиот спортски центар својата благодарност до организаторите, но и до Ректорската управа и останатите структури на УГД кои континуирано и безрезервно го поддржуваат спортот на Универзитетот, ја изразија студентот Иле Синев, член на футсал тимот и доц. д-р Билјана Попеска, раководител на Универзитетскиот спортски центар.

Екипата на УГД се најде на исто место со останатите најдобри во Македонија - Кире Лазаров, Машката ракометна репрезентација, Женската карате федерација на Македонија и многу други афирмирани спортски екипи и поединци.

Последен пат изменето на Вторник, 29 Декември 2015 15:58
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…