Ректорот Боев изрази задоволство од соработката со новинарите и медиумите, посетувајќи дека во тој поглед ќе се придржува до мотото дека најдобро затворени врати се отворените, односно дека Универзитетот и понатаму ќе биде максимално отворен и транспарентен за јавноста. На брифингот новинарите изразија интерес за студиските програми, новините на Универзитетот, истражувањата кои се вршат...
Ректорот Боев најави дека во 2016 година ќе се врши реакредитација на некои студиски програми, а и понатаму ќе се следи интересот на учениците за студиски програми и тие ќе се приспособуваат на нив. На почеток од следната година се очекува да бидат отворени и најсовремени стоматолошки лаборатории во состав на Факултетот за медицински науки, а студентите од овој факултет ќе добијат одлични услови за настава во објектот на поранешното текстилно училиште. Новина е и подготовката на студио на интерна универзитетска телевизија, која ќе третира теми од образованието и ќе биде насочена на соработка со медиумите и новинарите од Штип и од регионот.