Средношколците по прв пат имаа можност да го посетат научно истражувачкиот центар и реално да ги согледаат условите за работа во лабораториите.
Кратко објаснување за дел од работа во лабораторијата: испитување на масло за јадење (ладно цедено и рафинирано), испитување на квалитет на вино, квалитет на семенски материјал, здравствена состојба на растенијата, присуство / отсуство на тешки метали, испитување на почва и ѓубрива, беа дел од методите претставени пред средношколците.
Вратите на Универзитетот и на Лабораторијата се постојано отворени за средба и топло добредојде на матурантите и идни студенти кои пред себе имаат одговорна задача да го направат вистинскиот избор за периодот кој следи и во кој тие ќе се здобијат со квалитетно високо образование.
Матуранти во посета на ФИТОЛАБ