Предавање на Ненад Пантовиќ, сопственик на брендот „Сињори“

На 6 април (среда) на Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД  предавање ќе одржи Ненад Пантовиќ, студент на УГД, кој е еден од сопствениците на македонскиот бренд „Сињори“.

Брендот е специјализиран за дизајнирање на машки костуми, а предавањето ќе биде своевидно претставување на успешна приказна – од студентите за студентите.

Предавањето ќе се одржи во наставниот центар на УГД во Скопје, со почеток во 10 часот. Сите студенти од втора година на Факултетот за туризам и бизнис логистика се поканети да присуствуваат и да ја слушнат оваа успешна бизнис приказна.

 

Последен пат изменето на Среда, 30 Март 2016 09:00
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…