Околиќ е извршен директор на компанијата „Веобит“, која се занимава со производство на софтверски решенија од различни области, вклучувајќи го и угостителството.
Предавањето на тема „Предностите од инкорпорацијата и управувањето со систем на синџир на набавка” се одржа на 25 март (петок).
Студентите беа активно вклучени во текот на предавањето, при што изработија и вежба со цел да можат од практичен аспект да го увидат процесот на синџирот на набавка, менаџирање со синџирот на набавка, како и спроведување на крајната цел – профит на една организација.