Престојот на професорката Ердоган е во рамки на научноистражувачкиот проект „Mожности и методи за замена и заштеда на енергија и зголемување на енергетската ефикасност во хотелската индустрија“, заеднички проект на Електротехничкиот факултет и ФТБЛ, под раководство на проф. д-р Влатко Чингоски.
Дел од заедничките истражувања во форма на научни трудови беа презентирани на Меѓународната конференција GREDIT 2016, што се одржа од 31 март до 1 април 2016 година во Скопје. Професорката Ердоган го презентираше трудот „Ecotourism as a special type of sustainable tourism” во коавторство со проф. д-р Билјана Петревска, додека професорот Чингоски го презентираше трудот „Can Macedonian hotels be green: The evidence of hotel Flamingo – Gevgelija, Macedonia”.
За време на престојот на професорката Ердоган се иницираше постапката за потпишување договор за Еразмус соработка помеѓу двата универзитета.