Бизнис секторот дели знаење и искуство на студентите

Денес во Наставниот центар на УГД во Скопје се одржа предавање на тема „Патот на успехот на компанијата ’Виталиа’ на македонскиот и на глобалниот пазар“ пред студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика.

Предавањето беше дел од наставната програма по предметот Маркетинг на пазарот, под менторство на проф. д-р Елизабета Митрева, а истото го одржа маркетинг менаџерот на компанијата „Виталиа“ – Скопје, г-ѓа Емилија Шумановска.

Компанијата „Виталиа“ е фирма чијашто дејност е производство и трговија на производи од доменот на здравата храна, односно снабдување на домашниот и на странскиот пазар со природни, вкусни и здрави производи со висок квалитет и пристапна цена. „Виталиа“ е основана во 1993 година од кога бележи брз и динамичен развој. Благодарение на високата професионалност и иновативност, денес „Виталиа“ е водечка фирма на Балканот и во Источна Европа во доменот на здравата храна. Во својата палета „Виталиа“ нуди широк спектар на здрави производи со висок квалитет и тоа: диететски и дијабетски производи, житни снегулки и мусли, вегетабилни млека, производи од соја, жита, семиња и брашна, природни засладувачи, ладно цедени масла, чаеви, сушени овошја, функционални диететски пијалаци, прехранбени суплементи и органски производи.

Како дел од нивната заложба за одржување на врвен квалитет е имплементацијата на HACCP, ISO 9001:2008, SA 8001:2008, KOSHER, HALAL Vegetarian, ORGANIC BIO Cert за производство на безбедна храна под строго контролирани услови. Бидејќи квалитетот на производите на „Виталиа“ е целина која ја сочинуваат знаењето и способноста на вработените, стилот и културата на компанијата, нејзините делови и сите вработени, како резултат на упорните, систематични и интелигентни мерки кои се преземаат со години. Во оваа компанија секој вработен е креатор на квалитетот на својата работа, како и на квалитетот на производот кој е резултат на сите тие негови активности. Освојувањето на пазарот со помош на квалитетот значи сигурен и долгорочен пласман на производите, што е и еден од основните елементи за опстанок.

 

Последен пат изменето на Среда, 13 Април 2016 14:38
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…