Имено, на 11 април (понеделник), студентите од прва година на насоките Бизнис логистика и Бизнис администрација - Скопје при Факултетот за туризам и бизнис логистика имаа можност да го проследат предавањето на г-ѓа Нина Неданоска, директорка на Секторот за корпоративно и инвестициско банкарство во Охридска банка. Предавањето е дел од клиничката настава по предметот Основи на економија кај одговорниот наставник проф. д-р Билјана Петревска.
Г-ѓа Неданоска во улога на гостин-предавач имаше своја презентација на тема „Местото и улогата на Охридска банка во македонскиот банкарски сектор“.
Притоа, студентите на ФТБЛ се стекнаа со сознанија за практично функционирање на оваа банка која е четврта по големина во Македонија, па поставуваа интересни и провокативни прашања, но и дадоа свои видувања и коментари во однос на тековните збиднувања во сферата на банкарското работење во Македонија