На овој настан, од страна на претставниците на управувачкиот комитет од Македонија проф. д-р Татјана Атанасова-Пачемска и проф. д-р Билјана Јолевска-Тунеска ќе бидат презентирани целите на акцијата, можностите за добивање на престои на студентите до втор и трет циклус кои се занимаваат со истражувања во индустријата а користат математички апарат, моделирање и слично. Излагања ќе имаат и претставници од Универзитетите УКИМ, УГД, Институтот за современи композити и роботика, МВР за примена на математиката во различен контекст.
На крајот ќе има и отворена сесија каде што заеднички ќе се постават „отворени проблеми“ на кои ќе се работи во следниот истражувачки период.
Линкот до агендата е следниот: http://research.ugd.edu.mk/iwwm/.