Специјализации за студентите од првата генерација на Факултетот за медицински науки при УГД

Министерството за здравство распиша oглас за 100 кофинансирани специјализации за невработени и доктори кои не работат во јавни здравствени установи. Предност ќе имаат 70 доктори од првата генерација студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, со што најголемиот дел од докторите ќе бидат вработени во внатрешноста на земјата. 

- Министерството за здравство ќе кофинансира 20 до 80 проценти од нивната специјализација и потоа ќе имаат загарантиран месечен надомест. Особено ќе внимаваме на првата генерација дипломирани студенти од штипскиот универзитет, имајќи предвид дека овие веќе завршени доктори се од внатрешноста на Македонија од повеќе различни градови каде што имаме недостаток на специјалисти, со цел да се надмине проблемот со недостаток на специјалисти во повеќе градови во земјата - рече Тодоров.

Станува збор за седумдесетина доктори од првата генерација студенти од штипскиот универзитет, кои Министерството, според најавата на Тодоров, во текот на оваа недела директно ќе ги контактира и ќе им понуди да се пријават на огласот.

Огласот ќе трае до 22 април и може да се пријават сите доктори со положен стручен испит, кои се невработени, односно не работат во ЈЗУ.

- Овој оглас го правиме врз податоците што ги имаме од Мој термин и упатувањето од една во друга здравствена установа - рече Тодоров.

Најголем број, односно 20 специјализации се за анестезиологија на КАРИЛ, а објавени се специјализации и за педијатрија, гинекологија и акушерство, неврологија, кардиологија, трауматологија, ортопедија и други.

Последен пат изменето на Понеделник, 18 Април 2016 14:52
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…