Средба на ректорот Боев со амбасадорката на Белгија во Р. Македонија

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип проф. д-р Блажо Боев оствари средба со амбасадорот на Белгија во Р. Македонија, г-ѓа Аник Ван Калстер. За време на средбата ректорот Боев ја запозна амбасадорката со Универзитетот „Гоце Делчев“, во насока за евентуална идна соработка и заеднички проекти. Ректорот Боев истакна дека е разговарано за соработката во областа на образованието, истражувањето, студентската размена и студентите:

Денеска главната тема беше студентска мобилност и престој на студенти од Белгија на УГД, а секако и нејзиното предавање на Правен факултет. За конкретна соработка понатаму ќе бидат разгледани можностите кои постојат во рамките на белгиската амбасада и она што постои како програма во делот на соработка со универзитетите и во некоја наредна средба ќе ги дефинираме понатамошните конкретни соработки во поглед на нашата соработка со Белгија и со Амбасадата на оваа држава во Р. Македонија.

Разговаравме за презентацијата што ќе ја одржам денеска, се запознав со Универзитетот – првпат сум на УГД, иако и претходно имам доаѓано во Штип, но убаво е што можев директно да се запознаам со условите и можностите на Универзитетот. Предавањето кое ќе го одржам на Правниот факултет е на тема регионална соработка – Белгија, Холандија и Луксембург се одличен пример на регионална соработка преку заедницата Бенелукс, па ќе ги пренесам тие сознанија кои може да бидат интересни за земјите-кандидати за членство во Унијата, но и во поглед на нивната соработка со земјите кои веќе се членки на Унијата. Во иднина ќе имаме нови средби со раководството на УГД, со цел да ја прошириме соработката – изјави г-ѓа Аник Ван Калстер, амбасадор на Белгија во Р.Македонија.

 

Последен пат изменето на Вторник, 26 Април 2016 13:49
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…