Студентите oд ФТБЛ нa меѓунaрoден сaем

На 15 април студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика, на насоките Гастрономија, исхрана и диететика и Хотелско-ресторанска насока на дисперзираните студии во Скопје, го посетија шестиот Меѓународниот саем за туризам „СКОПЈЕ ТРАВЕЛ МАРКЕТ“.

На саемот се претставија  60 директни учесници од Македонија, Србија, Турција, Бугарија, Албанија, Словенија, туристички агенции, хотели, тур-оператори, општини и градови од земјава и од регионот, како и здруженија, културно-уметнички друштва, туристички комори, како и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, која има свој изложбен простор на саемот.

Последен пат изменето на Вторник, 19 Април 2016 11:59
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…