УГД и Гази Баба ќе изработуваат Стратегија за развој на туризмот

Универзитетот „Гоце Делчев“ и Општина Гази Баба ја интензивираат својата соработка, за што денеска во Ректоратот на УГД ректорот, проф. д-р Блажо Боев, и градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, потпишаа Меморандум за соработка. Соработката беше на високо ниво и досега, со оглед на тоа што кампусот на УГД во Скопје е на територијата на Општина Гази Баба, но сега Факултетот за туризам и бизнис логистика заедно со општината ќе работат на изработка на Стратегијата за туризам.

Градоначалникот Трајковски упати благодарност за потпишаниот Меморандум за соработка:

- Дел од факултетите на УГД се лоцирани во Кампусот, кој е на територијата на нашата општина, тоа ни беше почетниот мотив, а верувам дека во иднина заеднички ќе реализираме голем дел проекти кои ќе им бидат од интерес на жителите на Општина Гази Баба и на студентите и професорите од УГД. Една од активностите што ги договорив е поддршка од Универзитетот во изработката на Студијата и стратегијата на Општина Гази Баба за развојот на туризмот, верувам дека како општина имаме потенцијал да го промовираме туристичкиот потенцијал на општината. Во иднина ќе реализираме и други проекти во делот на иновациите, можноста за поддршка на бизнисите, така што во иднина очекувам Општина Гази Баба заедно со УГД да реализираат голем број проекти – изјави градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

За Универзитетот „Гоце Делчев“ од извонредно значење е соработката со сите, во насока на подобро за граѓаните, и УГД е отворен по тоа прашање:

- Во таа насока е и нашата соработка со Општина Гази Баба. За нас е значајна не само поради тоа што нашиот кампус во Скопје е лоциран во таа општина, туку и поради конкретни активности во кои ќе се вклучиме. УГД преку Факултетот за туризам и бизнис логистика се вклучува во изработката на Стратегијата за туризмот на Гази Баба, темелен документ во делот на промоција и во привлекување на странски гости, на развојот на општината и се надевам дека градоначалникот ќе ја искористи оваа прекрасна можност за соработка со Универзитетот. Соработката е заемна, во делот на промоцијата на знаењата, на она што значи Универзитет, отворен од секој аспект за сите граѓани независно од која општина или заедница во Р. Македонија би дошле.

 

Последен пат изменето на Вторник, 17 Мај 2016 16:19
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…