Посета на професори и студенти од Земјоделскиот факултет на Институтот по земјоделие во Карнобат, Бугарија

Дел од студентите во трета и четврта година на Земјоделски факултет во наставните центри Штип и Струмица, заедно со проф. д-р Верица Илиева, проф. д-р Драгица Спасова и проф. д-р Мите Илиевски, минатата недела го посетија Земјоделскиот институт во Карнобат, Р. Бугарија.

Директорот на Институтот, проф. д-р Драгомир Волчев, и вработените ги запознаа студентите со работата на Институтот, а потоа и со лабораториите и опитните површини каде што ги реализираат научната и апликативната работа.

Студентите имаа можност и практично да ги прошират своите знаења и вештини за техниките на хибридизација кај јачмен и овес, почнувајќи од подготвување на родителските растенија, кастрирање, опрашување и нивно одгледување до зрелост.

Исто така, на студентите им беше презентирана техника на селекција за отпорност кај јачмен. Тие ги посетија површините каде што е организирано биолошко и биодинамично производство, при што можеа да видат и селекциски материјал за биолошка селекција на јачмен. Во рамките на посетата беа организирани и посети на успешни приватни компании од областа на земјоделството.

Посетата во целост беше одлично организирана од нашите исклучително љубезни домаќини, со исклучителна отвореност за соработка. На нивно задоволство, студентите покажаа голем интерес за сѐ што можеа да видат и слушнат.

Последен пат изменето на Четврток, 19 Мај 2016 11:05
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…