Трета награда за студентка на Музичката академија на меѓународен натпревар во Бугарија

Студентите на Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип продолжуваат со успешните настапи во Р. Македонија и надвор од неа. На Петтиот меѓународен натпревар под покровителство на Националната музичка академија „Панчо Владигеров“ и Софискиот универзитет, кој се одржа во Софија, Р.Бугарија, студентката Милена Стаменкова го освои третото место.

Таа настапи на флејта, а е студент во четврта година на Музичката академија при УГД, во класата на проф. д-р Златка Митева. Милена Стаменкова на натпреварот во Софија настапи во пијано придружба на доц. д-р Невенка Трајкова.

Последен пат изменето на Среда, 25 Мај 2016 13:31
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…