Петта меѓународна конференција на Правен факултет

Правниот факултет при УГД по петти пат организира Меѓународна научна конференција со наслов „Општествените промени во глобалниот свет“. Конференцијата ќе се одржува во септември во Штип, а сега е објавен Повикот за научни трудови.

Ги покануваме сите научни работници и истражувачи да учествуваат во споделувањето на искуства и идеи на различни општествени теми (право, политика и меѓународни односи, социологија, антропологија, медиуми и комуникации, хумана географија итн.), се вели во Повикот.

Три официјални јазици на конференцијата се: македонскиот, англискиот и рускиот јазик.

Повиците на македонски и на англиски јазик можат да се најдат на следните линкови:

Повик (.pdf)

Call for papers (.pdf)

Последен пат изменето на Четврток, 01 Март 2018 13:02
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…