Портрети на истакнати пијанисти од историјата на македонската музика

Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип во рамките на своите активности организира концерт посветен на уметничката и педагошката дејност на македонските пијанисти.

Во серијата „Портрети на истакнати пијанисти од историјата на македонската музика“, во среда, 11 мај 2016 година, ќе се одржи концерт посветен на Ладислав Палфи, Лепша Пиперковска и Стела Слејанска. Настапуваат студентите на Вокално-инструменталниот оддел – пијано, Тања Трбојевиќ, Панче Илиев, Матеа Стошиќ и Мартин Наков, од класата на проф. д-р Стефанија Лешкова-Зелениковска и асс. Михајло Штерјов. Концертот ќе се одржи во концертната сала на Музичката академија, со почеток во 11 часот.

Последен пат изменето на Вторник, 10 Мај 2016 14:45
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…