Приказ на предметите според таг: obrazovanie
(Видео) Проект за традиционални македонски јадења на ФТБЛ
Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД продолжува со реализација на проектот „Shaping the future education in tourism – FET“ од Еразмус плус програмата на ЕУ во соработка со универзитети во Грција, Бугарија и во Хрватска. Студентите на ФТБЛ, во Научно-наставниот центар на УГД на Плачковица – Центар за доживотно учење, како дел од овој проект приготвуваа традиционални македонски јадења.
Семинар за развивање на соработката помеѓу високоoбразовните институции
Како дел од ЕУ твининг проектот „Развивање на соработка помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи“, кој се спроведува во рамки на Министерството за образование и наука, се организира работилница наменета за наставничкиот кадар на факултетите вклучен во изработка на студиски програми од инженерски области.
Работилница за студиски и истражувачки педагошки програми
Работилница наменета за членови на факултетите коишто се вклучени во студиски и истражувачки педагошки програми (т.е. академски кадар од факултетите вклучен во педагошки студиски програми за претшколска возраст, основно и средно образование) се организира од страна на Министерството за образование и наука во понеделник, 10 април, на Филолошкиот факултет при УГД. Работилницата се организира како дел од ЕУ твининг проектот „Развивање на соработка помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи“, кој се спроведува во рамки на Министерството за образование и наука.
УГД на Саемот за образование и кариера
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ќе учествува на Саемот за образование и кариера кој ќе се одржи во периодот од 6 до 8 април на Скопскиот саем.
УГД пред матурантите, заинтересираните граѓани и потенцијални студенти ќе ги претстави условите и можностите за студирање во рамки на своите факултети и уметнички академии.
Специјалист за диванска книжевност одржа предавање на Катедрата за турски јазик и книжевност
Доц. д-р Вилдан Џошкун одржа предавање „Основни карактеристики на диванската книжевност и поетеси на диванската книжевност“ пред студентите на Катедрата за турски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет.