Приказ на предметите според таг: studenti

УГД ЛАЈФ го продолжува серијалот за правата и обврските на студените во рамките на Европскиот кредит-трансфер систем. Во претходните текстови го објаснивме ЕКТС и обемот на оптовареност на студентот, а сега ќе ве информираме за тоа што велат правилата за должината на предавањата, вежбите, испитите и семестрите. Колку сето тоа треба да трае?

Објавено во Студенти

Студентите на Машинскиот факултет при УГД редовно се на терен и посетуваат економски капацитети и останати институции со цел да се стекнат со практично знаење од својата област. Овој пат студентите од трета и четврта година на овој факултет беа во посета на фабриката „Маркарт“ во Велес.

Објавено во Студенти

Факултетот за медицински науки при УГД организира Меѓународен научен симпозиум за студентите. Интернационалниот студентски симпозиум е насловен „Celebrating achievements in medical sciences, promoting health and sharing knowledge“.

Објавено во Студенти

Амбасадата на Руската Федерација распишува Конкурс за прием на државjани на Република Македониjа за студии на високообразовни институции во Руската Федерациjа во академската 2016/2017 година. На запишаните студенти од Македонија, Владата на Руската Федерациjа ќе им обезбеди стипендија и други услови за студирање и сместување, какви што се предвидени и за руските државјани.

Објавено во Студенти

Министерството за образование и наука за академската 2016/2017 година ќе додели 3 (три) стипендии на студии од втор циклус од областа на филмската и музичката уметност, која е од посебно научно, образовно значење за Република Македонија на Academy of Performing Arts (FAMU), во Прага, Република Чешка.

Објавено во Студенти
Страница 57 од 78
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…