Меѓународен научен симпозиум за студентите на медицинските и биомедицинските науки

Факултетот за медицински науки при УГД организира Меѓународен научен симпозиум за студентите. Интернационалниот студентски симпозиум е насловен „Celebrating achievements in medical sciences, promoting health and sharing knowledge“.

Симпозиумот има за цел да ги обедини знаењата и умеењата на сите студенти од областа на медицинските науки (општа медицина, фармација и дентална медицина), биомедицинските и природните науки, кој ќе овозможи стекнување и споделување на знаења и истражувачки идеи преку постер или усна презентација или како пасивни учесници.

- Доколку имате какво било истражување, презентација, изработен научен труд или планирате да започнете со истражување од горенаведените области, а не знаете каде да го пласирате и истакнете истиот, ние Ве покануваме да се пријавете за учество на вистинскиот избор за Вас – Првиот интернационален студентски симпозиум 2016, со тоа што ќе зачекорите кон вистинскиот пат до нови знаења, умеења и многу стекнати нови пријателства, како и незаборавно меѓусебно колегијално дружење. Посебна чест, задоволство и предизвик ќе ни биде Вашето присуство, со коешто заедно ќе ја постигнеме единствената цел – споделување на знаење за најголемите достигнувања во науката денес - се вели во поканата до студентите од Факултетот за медицински науки.

Пријавување на апстракт: http://js.ugd.edu.mk/index.php/ISSMS/index.

Пријавување за пасивно учество и контакт: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Покрај презентациите на студентите, свои предавања ќе имаат и врвни предавачи – научници од светски рамки со пленарни предавања распоредени во три сесии преку кои студентите ќе можат да дискутираат и да ги збогатат своите знаења.

Симпозиумот ќе се одржи на 20 април во 8.45 часот во Мултимедијалниот центар на УГД.

Пријавувањето е до 30 март, а учеството е бесплатно.

Последен пат изменето на Среда, 09 Март 2016 11:44
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…