Права и обврски на студентите: Колку треба да траат предавањата и испитите?

УГД ЛАЈФ го продолжува серијалот за правата и обврските на студените во рамките на Европскиот кредит-трансфер систем. Во претходните текстови го објаснивме ЕКТС и обемот на оптовареност на студентот, а сега ќе ве информираме за тоа што велат правилата за должината на предавањата, вежбите, испитите и семестрите. Колку сето тоа треба да трае?

  • Ангажираноста на студентот во текот на семестарот изнесува 19 недели.
  • Во зимскиот семестар студентот е ангажиран од 15 септември до 7 февруари.
  • Во летниот семестар студентот е ангажиран од 15 февруари до 7 јули.
  • Предавањата и другите активности се изведуваат во рамките на семестрите - во траење од 12 недели.
  • За подготовка за оценување и оценување се предвидени 7 недели.
  • Наставните и воннаставните активности во еден семестар го имаат следниов распоред:
    • 6 недели предавања и учење;
    • 1 недела за реализација на првиот колоквиум;
    • 6 недели предавања и учење;
    • 1 недела за реализација на вториот колоквиум;
    • 1 подготвителна недела пред завршното оценување;
    • 4 недели за завршно оценување и испити по зимскиот и летниот семестар (јануарска и јунска сесија со по два испитни рока);
    • 2 недели во септемврискиот испитен рок.
  • Наставникот по одреден предмет мора да овозможи растојание помеѓу два испитни рока за дадениот предмет од најмалку 14 дена.

Во однос на одржувањето на колоквиумите студентите треба да знаат дека во зимскиот семестар првиот колоквиум се реализира во првата недела на ноември, а вториот во втората недела на јануари.

Завршното оценување за редовните студенти и испитната сесија за вонредните студенти во зимскиот семестар се реализираат во два термина и тоа: во првиот термин во третата и четвртата недела од јануари и во вториот термин во првата и втората недела од февруари.

Во летниот семестар првиот колоквиум се реализира во првата недела од април. Вториот колоквиум се реализира во првата недела од јуни. Завршното оценување за редовните студенти и испитната сесија за вонредните студенти во летниот семестар се реализираат во два термина и тоа: во првиот термин во третата и четвртата недела од јуни и во вториот термин во првата и втората недела од јули. Септемвриската испитна сесија се реализира од 1 до 15 септември.

Последен пат изменето на Среда, 09 Март 2016 10:59
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…