Целта на овој Повик е да се соберат релевантни и позитивни искуства од лица вклучени во процесот на описменување и образование на најмладите ученици.
Повикот е отворен во периодот од 10 мај до 10 јуни 2016 година и се состои од два дела:
1. Повик за споделување успешни искуства и практики во подучување и описменување – Повикот е наменет за сите заинтересирани (одделенски наставници, претставници од стручната служба, библиотекари, директори на основните училишта, родители и останати членови од семејствата и заедницата);
2. Подготовка и реализација на час со примена на сликовници од збирката „Нашата прва библиотека“ – повик наменет за наставници.
Прочитајте повеќе на официјалниот Повик.