Студентите во неколку сесии гo покажуваа своeто знаење и умешност за снаоѓање во нови ситуации при бранење на човековите права пред престижни судии, практичари во работата на Европскиот суд за човекови права, со долгогодишна кариера. Студентите на УГД претставени преку клубот „A fortiori“ го вложија својот максимум и оставија одличен впечаток пред комисиите за оцена и останатите колеги и го освоија второто место.
Прв беше клубот „Gorgija“ од Правниот факултет во Зеница, трет клубот „Dimitrije Davidovic“ од Крагуевац, четврти клубот „Dzemal Bijedic“ од Правниот факултет во Мостар, а петти клубот „Titus Flavius Orestes“ од Правниот факултет при Универзитет „Св. Климент Охридски“ во Битола.
Шестата регионална Moot Court FUTURA годинава се одржа во Апелациониот суд во Ниш, а учество зедоа пет правни факултети од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина. Станува збор за регионален МООТ COURT натпревар пред ЕСЧП, кој се состои во изведување на симулирани судења на зададен хипотетички случај, каде што студентите се најдоа и во улога на подносители на претставка и ги бранеа своите ставови и оправданоста согласно со правото, а и во улога на респондети, тужена држава, која со сета правна аргументација мораше да ги побие наводите на тужителот. Тимовите симулираа вкрстено со други факултети, стекнувајќи се притоа со уште поголемо знаење и искуство во областа. Се здобија со сертификати за десетнеделен курс за Европската конвенција за човекови права и јурисприденцијата прес Европскиот суд за човекови права, како и сертификат за освоено второ место.
Студентите беа тренирани и предводени од менторите: проф. д-р Страшко Стојановски, доцент д-р Дејан Маролов и асистент-докторанд Елена Максимова од Правниот факултет. Во улога на правен застапник на апликантот беше тимот од студентите: Анастазија Коцева, Наташа Донева и Ристе Чанев, а како застапници на одбраната се појави тимот од студентите: Рената Митрева, Мартина Георгиева и Ристе Лазаров.
Галерија