Стипендии за практична работа и студии во Австрија за студенти од Македонија

„Шпаркасе банка“ - Македонија и Steiermarkische Sparkasse во соработка со неколку универзитети во Грац, Австрија, ја промовираа програмата за избор и стипендирање на најдобрите студенти од Македонија кои можат да станат дел од програмата „Best of South East” 2020/2021.

Оваа програма функционира веќе 11 години и ги стипендира најдобрите студенти од областите економија и право, а во изминатите години овој проект се прошири и на студентите од техничките факултети, металургијата и музичката академија.

Сите студенти имаат право да аплицираат, а преку селекција ќе се изберат најдобрите на кои ќе им се овозможат студии или практична работа во Австрија со целосно покриени трошоци.

Сите информации и детали можат да се најдат на следниов линк.

 

Последен пат изменето на Среда, 20 Ноември 2019 10:44
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…