Иднината на хотелската индустрија

Група научници од УГД во труд објавен во зборник на Универзитетот во Црна Гора даваат преглед на потенцијалните услови кои новите хотели мораат да ги задоволат за да го подобрат нивниот статус од хотел со „паметни” соби во потполно „паметен“ хотелски комплекс.

Трудот ги презентира можните начини на прогрес во хотелиерството вклучувајќи иновативни апликации базирани на модерни информатички технологии наменети за амбиентот во хотелската индустрија. Сите овие апликации имаат цел да го подобрат квалитетот на понудените услуги за клиентите, почнувајќи од презентираниот модел за паметни соби.

Главната цел е да се постават основните услови кои хотелите мораат да ги исполнат преку користење на софистицирани технологии за директна интеракција со гостите, како и да се приспособат хотелските услуги во согласност со желбите на гостите и нивните потреби, со цел нивниот престој да биде што попријатен.

Соодветно на истражувањето на трудот, заклучокот е дека посакуваната иднина на хотелската индустрија лежи во концептот на паметна хотелска средина која ги намалува негативните страни на престојот надвор од дома, нудејќи им на гостите уникатно доживување.

Последен пат изменето на Петок, 03 Јуни 2016 12:23
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…