Може ли соларната енергија да биде примарен енергетски ресурс?

Професорот Влатко Чингоски од Електротехнички факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип во свој труд дава ретроспектива на можностите и начините за ефикасно користење на сончевата енергија како одржлив енергетски извор. Имајќи предвид дека сончевата енергија претставува теоретски непресушен енергетски извор со голем енергетски капацитет, се наметнува прашањето зошто во моментов овој енергетски извор не се користи многу повеќе отколку што тоа се прави денес.

Покрај скромните напори за користење на сончевата енергија како заменско гориво за загревање на вода со помош на сончеви топлински колектори и ограничените капацитети базирани на фотонапонски ќелии за директно претворање на сончевата енергија во електрична, позначајните напори за ефикасно користење на сончевата енергија во енергетиката се сведуваат на теоретски истражувања и пилот проекти.

Во овој труд, подетално ќе се задржиме на неколку помалку познати и употребувани методи за директно и индиректно користење на сончевата енергија за енергетски потреби. Ќе покажеме дека во иднина сончевата енергија може и со право ќе стане еден од главните примарни енергетски извори на глобално светско ниво доколку се размислува за реализираните планови за глобален одржлив енергетски развој.

Целиот труд може да се прочита на овој линк.

Последен пат изменето на Вторник, 07 Јуни 2016 11:51
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…