Дали сме подготвени да ја спречиме трговијата со луѓе?

Безбедноста е една од основните потреби на луѓето и основен дел на квалитетниот живот. Елиминирањето на предиспозициите за пораст на криминалот е исто толку важно како што е важна борбата против криминалните активности како илегалната миграција и трговијата со луѓе.

Научници од Факултетот за туризам и бизнис логистика ја третираат токму оваа тема која е објавена како труд во најновото издание на списанието „Кризен менаџмент: предизвици и перспективи“.

Според нив, еден од проблемите во контролирањето на криминалот е недостатокот на превентивни мерки кои ќе ги обединат сите обиди направени од општеството во целина, недостатокот од соодветна координација во работата на ова поле во поглед на соработка со полицијата, надлежните, локалната администрација, невладините организации и медиумите.

Овој труд се базира на хипотезата дека проблемот во трговијата со луѓе може ефективно да се обработи врз основа на јасни стратегии базирани на човековите права кои ги земаат предвид транснационалната природа на проблемот, многуте криминални активности, честата поврзаност на организирани криминални групи и последиците кои ги претрпуваат жртвите на ваквите активности.
За таа цел, трудот се обидува да понуди практични решенија за овие проблеми: едни од наведените решенија се разгледување а темата за трговијата со луѓе во контекст на средните училишта и развивање на ефективна стратегија за јавна едукација поврзана со овој проблем, со цел да се превенира трговијата со луѓе.

Можните решенија на проблемот со трговијата со луѓе и останатиот дел од трудот се наоѓаат на овој линк.

Последен пат изменето на Среда, 15 Јуни 2016 13:39
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…