ФМН организира Научен симпозиум

Факултетот за медицински науки, студии по дентална медицина,  при Универзитет „Гоце Делчев“ и оваа година ќе учествува во континуираната стоматолошка едукација на докторите стоматолози во Македонија.

Во организација на Катедрата за орална и максилофацијална хирургија и  дентална имплантологија ќе се одржи Научен симпозиум (петти по ред) со наслов „Дентофацијална естетика – современи пристапи и решенија“ на 5 ноември 2016 г. (сабота) во Мултимедијален центар (Економски факултет) во Штип.

Симпозиумот е акредитиран од стручна комисија при Стоматолошката комора на Македонија со 8 бода за пасивно учество и 12 бода за активно учество.

За време на Симпозиумот ќе бидат поставени штандови од покровителите.

Последен пат изменето на Понеделник, 26 Септември 2016 13:26
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…