Како што вели проф. д-р Ангеловска, лажните (фалсификувани) лекови се дел од широката појава на неквалитетни лекови, кои настанале како последица на намерно и лажно означување на обележјата на идентитетот или потеклото. Со оглед на високата побарувачка на лекови насекаде низ светот фалсификувањето е дејност со високи профити.
Фалсификуван (лажен) лек или лажно медицинско средство се сите производи кои се изработуваат и ставаат во промет со намера на кој било начин да го измамат купувачот, било да се работи за лажни податоци, идентификација, место на производство, дозвола на упис во регистарот, сертификат за анализа и пакување. Фалсификуваниот лек може да биде: без активна супстанција, со активна супстанција но во недоволна количина, со погрешни состојки и/или пакуван во лажна амбалажа. Фалсификуваните лекови е тешко да се откријат поради сè поголемата сличност со оригиналните лекови. Голема опасност претставува и онлајн купувањето лекови, често по пониски цени во однос на аптеките. Дури во 50% од случаите понудата на лекови по пат на интернет се наоѓа на илегалните сајтови и се работи за неквалитетни или фалсификувани лекови.
Целиот текст може да се прочита на овој линк.