Филолошки факултет го објави првото меѓународно научно списание

Објавен е првиот број од новоформираното меѓународно научно списание „Палимпсест“ (“Palimpsest”) како издание на Филолошкиот факултет во Штип.

„Палимпсест“ e меѓународно научно списание за лингвистички, книжевни и културолошки истражувања што се објавува во електронска (http://js.ugd.edu.mk/index.php/PAL) и во печатена форма во два броја годишно. Во списанието се објавуваат трудови од областите лингвистика, наука за литературата, методика на наставата и културологија. Исто така, резервирана е и рубрика за прикази, односно за рецензии за најновата продукција (книги, монографии и слично) од широката област на филологијата и од културологијата.

Во меѓународното научно списание „Палимпсест“ се објавуваат трудови на македонски, англиски, руски, германски, италијански, француски и турски јазик. Уредувачкиот одбор на списанието е составен од 30 уредници (универзитетски професори) од 17 земји: Македонија, САД, Русија, Италија, Велика Британија, Германија, Франција, Швајцарија, Романија, Унгарија, Турција, Индија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Словенија и Србија.

Во првиот број на „Палимпсест“ се објавени 24 труда во пет рубрики („Јазик“, „Книжевност“, „Култура“, „Методика на наставата“ и „Прикази“) од автори од Македонија и од странство како што се Марија Кусевска, Костанца Гедес да Филицаја, Паоло Ору, Марија Ѓорѓиева-Димова, Весна Мојсова-Чепишевска, Назли Рана Ѓурел, Славчо Ковилоски, Луси Караниколова-Чочоровска, Мируна Крачиунеску, Диего Поли, Игор Рижнар и други.

 

Последен пат изменето на Понеделник, 07 Ноември 2016 14:37
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…