- доц. д-р Афродита Зенделска – доктор на технички науки;
- доц. д-р Гордана Камчева – доктор на медицински науки;
- доц. д-р Дарко Арнаудовски – доктор на медицински науки;
- д-р Емилија Здравева-Лежаиќ – доктор на технолошки науки;
- доц. д-р Соња Николова – доктор на историски науки;
- доц. д-р Страхил Газепов – доктор на медицински науки;
- д-р Христина Серафимовска – доктор на економски науки;
- доц. д-р Викторија Максимова – доктор на биотехнички науки;
- доц. д-р Стојанче Мијалковски – доктор на технички науки;
- асс. д-р Ленче Насев – доктор од областа на музичка педагогија;
- доц. д-р Данче Василева – доктор на науки по кинезитерапија.
Некои од промовираните доктори на науки ги истакнаа своите полиња на специјализација и ја истакнаа важноста на проблематиката во која докторирале. Некои од нив докторирале на Универзитетот „Гоце Делчев“, но некои и во универзитети надвор од Штип и од Македонија.
Ректорот на Универзитетот проф. д-р Блажо Боев истакна дека Универзитетот е отворен за новите доктори на науки.
- Универзитетот е отворена структура за сите кои мислат дека можат да дадат придонес за него и да создаде услови за развој. Јас како ректор ја поддржувам таа активност до крајни граници и секој млад човек кој има стекнато добро образование на кој било добар универзитет има место на УГД. Ова е одлична традиција на Штип и сигурно со овие доктори на науки се менува и градот истакна ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.
На промоцијата на докторите на науки ѝ претходеше доделување на признанијата „8 ноември“, кои меѓу другите им припадна и на уметниците од Универзитетот „Гоце Делчев“ на дуото „Грациозо“. Дуото е составено од д-р Невенка Дуковска, која е дел од УГД и м-р Кристина Палија.
Видео