Во организација на Катедрата за орална и максилофацијална хирургија и дентална имплантологија, минатиот викенд се одржа Симпозиум (петти по ред) со наслов „ДЕНТОФАЦИЈАЛНА ЕСТЕТИКА – СОВРЕМЕНИ ПРИСТАПИ И РЕШЕНИЈА“.
Симпозиумот беше акредитиран од стручната комисија при Стоматолошката комора на Р. Македонија со 8 бода за пасивно и 12 бода за активно учество.
Поканети предавачи имаше од Романија, Грција, Бугарија и Р. Македонија. Учествуваа следниве предавачи:
- проф. д-р Владимир Поповски – d-r Vladimir Popovski;
- д-р Александру Јонеску – d-r Alecsandru Ionescu;
- д-р Василеиос Панагопоулос – d-r Vasileios Panagopoulos;
- доц. д-р Софија Царчева-Шаља – prof. d-r Sofija Carcheva Shalja;
- д-р Бојана Бјанова – d-r Bojana Bjanova;
- д-р Бранимир Кирилов – d-r Branimir Kirilov;
- д-р Софиен Риахи – d-r Sofien Riahi.
Истиот наиде на голем интерес од страна на докторите стоматолози од Р. Македонија и на голем број позитивни критики.
Факултетот за медицински науки и во иднина ќе организира вакви слични или поголеми конгреси и симпозиуми, како за доктори така и за студенти.