- Ги презентираме резултатите од научноистражувачи проекти кои се спроведени од студентите и од професорите. Ова истражување е спроведено во рамките на предметот Деловно право за потрошувачките договори. Покрај ова, презентирани се и резултати од проект за меѓународно право на правото на морето. Промовираме и два учебника на проф. д-р Војо Беловски и на проф. д-р Андон Мајхошев истакна продеканката на Правниот факултет, проф. д-р Борка Тушевска.
На презентацијата беа присутни и професорите кои се автори на двете книги и промотори на овие учебници.
- Ги промовираме книгите „Решавање на колективните работни спорови“, на којашто сум автор, и „Работните односи“ од професорот Војо Беловски. Овие книги се дел од предметот Трудово право, со што се збогатува литературата за овој предметистакна проф. д-р Андон Мајхошев.
Светскиот ден на науката - 10 ноември се прославува од 2001 година со Резолуција на УНЕСКО и секоја година ја слави науката за мир и развој.