(Видео) Се одржа Студентска конференција за студенти на историја и археологија

Повеќе студенти од УГД и УКИМ денеска на Студентска научна конференција ги презентираа своите научни истражувања кои ги изработија во последните неколку месеци. Станува збор за истражувања поврзани со историја и археологија.

Станува збор за прва Студентска конференција. Оваа конференција ја организираме заедно со нашите колеги од Скопје од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Пред јавноста ќе ги презентираме овие студентски истражувања од речиси сите историски периоди. Имаме и презентации од периодот на праисторијата, античкиот, средновековниот и современиот периодизјави студентката Бисера Срцева

Студентите на сопствена иницијатива се вмрежиле со своите колеги од Скопје и заеднички изработиле истражувања кои денес ги презентираа пред студентите, професорите и сите заинтересирани за оваа тема.

Првичната цел е да се воспостави соработка меѓу Институтот од УКИМ - Скопје и од УГД - Штип. Имаме теми и има доволен број на учесници. Се надеваме дека идните генерации ќе ја продолжат оваа традиција и добрата работа е што темата е слободна и може да се работи на теми кои им одговараат на студентитеизјави Филип Лолевски, студент на УКИМ

Конференцијата е организирана со поддршка на професорите и од Институтот за историја и археологија при УГД.

Во оваа пригода сакам да кажам дека беа поканети и студентите од Универзитетот во Тетово, но за жал не пројавија интерес. Се надевам дека во иднина ваквите настани ќе продолжат и дека соработката меѓу факултетите ќе биде поголема и продлабочена со цел вклучување на студентите во научноистражувачки проектиизјави проф. д-р Трајче Нацев

Истражувањата ќе бидат објавени во онлајн публикации, па така и пошироката јавност ќе може да биде запозната со истражувањата на студентите на историја и археологија.

 

Последен пат изменето на Среда, 22 Февруари 2017 16:11
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…