Денес студентите имаа можност да слушат предавање од експертот-истражувач од Луксембург Филип Фидановски, кој ја презентираше теоријата на игра. Нашите студенти имаа можност да ги прошират своите теоретски знаења. Во рамките на проектот, кој е финансиран од Светска банка и од Универзитетот во Пенсилванија, ќе имаме можност да реализираме и работилница насловена „Idea Lab“ каде што студентите на различни теми ќе ги кажат своите мислења и ставови што ќе бидат канализирани до соодветните институцииизјави доц. д-р Дарко Лазаров
Предавањето и работилницата ги проследија сите студенти од сите наставни центри на Економскиот факултет. Предавачот Филип Фидановски е економски експерт од Македонија кој долги години работи во странство.
По покана на мојот драг колега Дарко Лазаров го одржав предавањето за важноста на финансиската стабилност и финансискиот сектор. По овој дел, накратко зборував за основите на теоријата на игри, пред сѐ за некооперативните игри кои можат да се поврзат со моментите на одлучување и донесување на одлуки во стресни ситуацииистакна професорот Филип Фидановски од Универзитетот „Рунин“ во Луксембург
Во рамките на овој настан, на работилницата преку интернет врска се приклучи и професор д-р Ѓорѓија Петковски од Универзитет во Полска. Тој заедно со студентите од УГД генерираше идеи кои ќе ги артикулираат потребите на младите луѓе од овој регион.
Професори од Европа на Економскиот факултет